• петок, 27 декември 2024

ОХЦХР: Во Украина досега се убиени 816 цивили

ОХЦХР: Во Украина досега се убиени 816 цивили
Њујорк, 18 март 2022 (МИА) - Канцеларијата за човекови права на Обединети нации (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 816 цивили се убиени, а 1,333 се повредени во Украина од почетокот на конфликтот на 24 февруари. Вистинскиот број на загинати е веројатно значително поголем. ОХЦХР, која има голем мониторинг тим во земјата, се уште не може да ги потврди извештаите за жртвите од тешко погодените градови како Мариупол. Поголемиот број од жртвите настрадале од експлозиви, гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи како и ракетни и воздушни напади, се истакнува во извештајот на ОХЦХР. ми/

Остани поврзан