• четврток, 19 декември 2024

ОХР: Дејтонскиот договор и понатаму е основа за мирна и просперитетна иднина на БиХ

ОХР: Дејтонскиот договор и понатаму е основа за мирна и просперитетна иднина на БиХ

Сараево, 21 ноември 2023 (МИА) – Канцеларијата на високиот претставник во Босна и Херцеговина (ОХР), по повод денешната годишнина од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор во 1995 година, соопшти дека овој документ сè уште е основа за мирна и просперитетна иднина на БиХ.

- Дваесет и осум години подоцна, Дејтонскиот мировен договор е симбол на непоколебливост и постојана желба на БиХ и нејзините граѓани за стабилност, напредок и просперитетна иднина во поширокото европско семејство, се наведува во соопштението.

ОХР забележува дека БиХ „го задржала својот континуитет како единствен, суверен, меѓународно признаен ентитет, со променета внатрешна структура со два ентитета кои легално постојат врз основа на Дејтонскиот мировен договор“.

Во соопштението се истакнува дека Дејтонскиот договор „не само што ги запре болното страдање, туку и го отвори патот за обнова и помирување. Предизвиците сè уште постојат, но несомнено е дека е постигната извонредна трансформација од земја разурната од војна во земја кандидат за членство во ЕУ“.

И покрај сенките од минатото Дејтонскиот договор сè уште е основа за мирна и просперитетна иднина, потенцира ОХР. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан