• среда, 25 декември 2024

„Охрид SOS“ повикуваат на оставка на директорот на Управата за заштита на културното наследство

„Охрид SOS“ повикуваат на оставка на директорот на Управата за заштита на културното наследство
Охрид, 1 април 2021 (МИА) – Активистите на Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ сметаат дека од морални причини директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов треба да поднесе оставка на функцијата, заради тоа што не постапил по законите и не го спречил уривањето на ресторанот „Парк“ во Охрид. Како одговор на изнесените забелешки токму од Костов кон „Охрид SOS“ дека имале доволно време да покренат иницијатива за заштита на објектот, активистите на еколошкото движење посочуваат дека тоа е изместување на работитите, дека според законите тоа основната дејност на токму на институцијата што ја предводи Костов. „Го прашуваме партиски наместениот чиновник чијашто единствена должност е да работи во служба на јавниот интерес почитувајќи го и штитејќи го владеењето на правото, дали воопшто го има прочитано законот кој му е основна алатка за работа како раководно службено лице на институција задолжена, парадоксално, за заштита на културното наследство“, стои во реакцијата од „Охрид SOS“, од каде истовремено прашуваат што работел Костов и неговите колеги по односната проблематика. „Штом немате грам морал за да си поднесете оставка за ваква извонредна неспособност и работење спротивно на законските прописи, владата има должност итно да ве разреши за да се постигне каква-таква контрола на штетата врз културното наследство на единствениот УНЕСКО Регион во Македонија“, посочуваат од „Охрид SOS“. Активистите на „Охрид SOS“ истовремено посочуваат на уште еден случај на заобиколување и изигрување на начелата за заштита на градењето во стариот дел на Охрид, од страна на Управата за заштита на културното наследство и „Завод и музеј Охрид“. „Се работи за куќа на само метри од Заводот и Музеј во Охрид, за која и Управата и Заводот две, во наводници професионални институции задолжени за заштита, го одобриле идејното решение, за кое Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион се произнесе дека не ги почитува повеќето критериуми за зачувување на изворната состојба на градбата и претпоставените урбанистички услови дадени во општите начела за урбанистичкото планирање за старото јадро на град Охрид.“, посочуваат од „Охрид SOS“. аб/нд/

Остани поврзан