• среда, 25 декември 2024

Охрид, Струга и Подградец ќе соработуваат и во текот на оваа туристичка сезона

Охрид, Струга и Подградец ќе соработуваат и во текот на оваа туристичка сезона

Дебар, 23 јуни 2024 (МИА) - Општините Подградец, Охрид и Струга ќе соработуваат и во текот на оваа туристичка сезона, објави Ора њуз, во прилогот под наслов „Едно езеро, две држави, три општини/ Охридско Езеро, туризмот се развива во Подградец, Струга, Охрид".

-Соработката се чини ќе биде поголема годинава и поради договорот на туристичките оператори за продолжување на деновите на престој во овој прекуграничен регион, наведува телевизијата.

Илир Џаколи, градоначалник на Поградец, вели дека соработка меѓу општините е неопходна.

- Се трудиме туризмот да го развиеме не само во рамки на округот,  туку и во регионални размери, вклучувајќи ги Струга и Охрид, додава тој.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко,  е со став дека општината има должност да ги заврши проектите кои се во служба на туризмот а потоа туристичките оператори се тие кои го развиваат туризмот во оваа област.

- Во однос на сместувањето, создадена е потребната инфраструктура. Ние не можеме да ги упатуваме луѓето да ги посетат градовите, изјавил Мерко.
 Телевизијата наведува дека  годинава, за разлика од претходните, туристичките агенции од Охрид и Струга склучиле договори со повеќе туристички оператори од албанска страна, кои работат главно во Тушемиште. вт/дма/


Фото: принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан