• вторник, 24 декември 2024

Охрид домаќин на ракометниот Суперкуп

Охрид домаќин на ракометниот Суперкуп
Скопје, 24 август 2022 (МИА) – Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го избра Охрид за домаќин на Суперкупот меѓу актуелниот првак Вардар 1961 и финалистот во националниот Куп Еурофарм Пелистер. Натпреварот ќе се одигра на 11 септември во салата „Билјанини извори“, а саатницата ќе биде дополнително дефинирана. Трофејот го брани битолски Еурофарм Пелистер, кој во ланската пресметка беше поуспешен од скопски Вардар 1961 со 31-22. ег/ар/

Остани поврзан