• петок, 27 декември 2024

Охрид домаќин на првиот конгрес на млади правници од Западен Балкан

Охрид домаќин на првиот конгрес на млади правници од Западен Балкан
Охрид, 14 октомври 2022 (МИА) - Околу 150 студенти по право од Западен Балкан учествуваат на првиот „Охридски когрес на правото“ што се одржиува во Охрид во организација на Факултетското студентско собрание и студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје. На конгресот учествуваат судии, обвинители и професори по право, кои во наредните два дена ќе дебатираат за „Положбата на судиите на Балканот и нивна институционална и лична независност“. Присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков изразувајќи задоволство што, како што рече, во Балканскиот Ерусалим ќе се дискутира на значајни и сериозни теми и ќе бидат разменети мислења и ставови, нови научни сознанија од областа на правото. - Драги студенти, идни правници, адвокати или судии ви посакувам да ви се остварат соништата, да уживате во убавината на младоста. Јас верувам дека трудољубиво и посветено учите и дека ќе станете врвни професионалци. Успесите не доаѓаат одеднаш. Луѓето кои се успешни сфаќаат дека не смееме да им дозволиме на неуспесите да не дефинираат, туку обратно тие да не научат, што и како да направиме за наредниот пат, рече Пецаков. На „Охридскиот конгрес на правото“ учествуваат околу 150 студенти по право од Северна Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. сс/сст/

Остани поврзан