• среда, 25 декември 2024

Охрид домаќин на Меѓународна конференција за телекомуникации

Охрид домаќин на Меѓународна конференција за телекомуникации

Скопје, 14 мај 2024 (МИА) -  „Премостување на јазот – влез во новата ера“ е насловена годинашната Меѓународна регулаторна конференција што ќе се одржи денеска и утре во Охрид во организација на Агенцијата за електронски комуникации на Република Северна Македонија.

Според агендата, на конференцијата ќе се одржат три панели посветени на управување со спектарот и мониторинг, сајбер безбедноста, регулаторните прашања и пристапт до широкопојасен интернет, а кои се во контекст на најновите инспиративни области во електронските комуникации.

На конференцијата поканети се претставници од Меѓународната унија за телекомуникации, регулаторните тела и од Европската Унија, како и претставници од академската фела, оператори и останати компании и чинители на глобалниот комуникациски пазар. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан