• четврток, 26 декември 2024

Охрид го празнува 7 Ноември и 79-годишнината од ослободувањето во Втората светска војна

Охрид го празнува 7 Ноември и 79-годишнината од ослободувањето во Втората светска војна

Охрид, 7 ноември 2023 (МИА) – Со историски час и свеченост Охрид денеска го одбележа 7 Ноември – Денот на ослободувањето на градот од фашистичката окупација во Втората светска војна.

На свеченоста одржана во Младинскиот центар пред присутните се обрати градоначалникот, Кирил Пецаков, кој и овојпат посочи дека градот Охрид и неговите жители секогаш знаеле да ги препознаат вистинските вредности и да застанат на страната на човекољубието, правдата и слободата.

На централната свеченост со која Општина Охрид ја одбележува 79-годишната од ослободувањето, Пецаков уште истакна дека со застанувањето на македонскиот народ на страна на антифашистичката коалиција во Втората светска војна во која беа положени илјадници животи е оживотворен идеалот за слобода, еднаквост и човечките правдини на македонскиот народ.

-Денеска, 79 години потоа, жртвата на нашите херои не обврзува да ја сочуваме и збогатуваме слободата со нови содржини кои ги наметнува современието. Ако идеалот на нашите илинденци и партизани беше национална слобода, денес слободата во Македонија треба да се освојува во секој сегмент од живеењето и работењето за секој граѓанин. Верувам дека ние како генерација успешно се справуваме со овој предизвик, а со тоа се ставаме на страна на демократските и просперитетни државни заедници. Исто така, уверен сум дека како локална власт ги правиме најдобрите чекори за развој на Охрид и негово уште поцврсто етаблирање на мапата на најпрепознатливи светски дестинации, додаде Пецаков.

Претседателот на Општинската организација на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, Гоце Ѓоргиевски, од своја страна посочи дека со својата храброст и одлучност борците во антифашистичката борба го покажале патот кон слободата, еднаквост и напредок.

-На овој ден, но и секој друг ден оддаваме почит на нивната пожртвуваност и борбеност, на нивнатаст, иднина на идниве млади поколенија. На овој голем празник да се потсетиме дек истрајност и визија. 7-ми Ноември е празник на идеалот за слобода и правда на нашиот град. Тој идеал не води и ден денес во остварување на подобра сегашност, а без почит кон минатото нема ни просперитетна сегашност ниту подобра иднина, истакна тој.

Централната свеченост по повод Денот на ослободувањето беше збогатена со културно–уметничка програма, а чествувањето на празникот продолжува со повеќе настани и свечености. Попладново од 17 часот со свеченaта приредба јубилејот 60 години од основањето ќе го одбележи ЈОУДГ „Јасна Ристеска”, а вечерва Седмоноемвриски концерт ќе одржат и учениците од ОМУ „Методи Патче“. аб/ац/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан