• сабота, 23 ноември 2024

Охридска група: Одлукатата за почеток на преговорите голем ден и за С.Македонија и за ЕУ

Охридска група: Одлукатата за почеток на преговорите голем ден и за С.Македонија и за ЕУ
Скопје, 24 март 2020 (МИА) - Честитка за даденото зелено светло од Европската Унија за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија преку писмо до претседателот Стево Пендаровски потпишано од поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Џорџ Робертсон упати Охридската група. - Ова се прекрасни вести и јас сум одушевен. Ова е одличен ден за Македонците. Аспирацијата на генерациите е чекор поблизу до реалноста. Ова е одличен ден и за остатокот од Балканот. Успехот на една земја е успех за целиот регион, се вели во писмото на Робертсон. Сепак, се наведува, ова е голем ден и за Европа. Со исполнување на нејзините обврски дури и под ужасни околности што сега ги доживуваме, Европа, се вели во писмото, уште еднаш се докажа како заедница на вредности. - Поминаа скоро 19 години откако заедно работевме на Охридскиот договор. И двајцата верувавме дека вашата земја еден ден би била суштинска членка на европското семејство, нејзината безбедност гарантирана од страна на НАТО и нејзината економска иднина од страна на Европската унија. Знам, има долг пат до сето тоа и вашите луѓе да ги видат вистинските придобивки од членството, но ова е огромен чекор и голем достигнување за вашата нација. Откако ќе го победиме овој ужасен вирус, сите можеме да се соочиме со иднината со обновена доверба, стои во писмото од Робертсон до Пендаровски. Охридската група, се наведува, ја сподели визијата што ја имаат граѓаните на Северна Македонија како нивните сограѓани Европејци, право да живеат во слободен, безбеден и просперитетен свет. - Денеска се одбележува најважниот чекор кон претворање на сонот што го споделивме во реалност. Потрагата по среќа не завршува денес. Има уште многу да се направи и сакам да ве уверам дека Охридската група ќе остане доверлив пријател на Северна Македонија додека се справувате со овие предизвици. Повторно, посилни сме кога стоиме заедно. Во име на сите мои колеги членови на Охридската група и во многу тешко време за нашиот континент, јас ви честитам на вас и на секој граѓанин на Северна Македонија за тоа што постигнавте и што донесовте такви позитивни вести во толку тешко време, се додава во писмото. мс/са/

Остани поврзан