• четврток, 26 декември 2024

Охридската градинка „Јасна Ристеска“ го одбележа патрониот празник

Охридската градинка „Јасна Ристеска“ го одбележа патрониот празник
Охрид, 8 ноември 2022 (МИА) - Под мотото „Спортот во мојот град“ дечињата од детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид го одбележаа патрониот празник и испратија силна порака за значењето на спортот од најрана возраст за правилен психофизички развој. Говорејќи за значењето на спортот, директорката на установата Ирина Милеска истакна дека треба правилно да ги насочуваме децата и спортот да стане дел од нивните секојдневните навики. Честитајќи го патронот посочи дека градинката 59 години гордо и достоинствено го носи името на младата хероина Јасна Ристеска. За градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, оваа установа речиси шест децении е најубавото царство на детството и место кое е најзаслужно за правилниот раст и развој на најмладите. - Сакам да упатам посебна благодарност до воспитувачките, негувателките и целокупниот работен тим на градинката. Тие заслужуваат огромна почит и внимание за целиот свој педагошки ангажман, за несебичната грижа и воспитувањето на нашите деца. Воспитувањето и образованието на децата се најважните работи во едно општество и затоа Локалната самоуправа континуирано работи на подобрување на условите за најмладите, рече Пецаков. Потсети на реализацијата на дел од проектите за обезбедување на подобри услови во сместувачките објекти на градинката и вети инвстиции за зголемување на капацитетот за згрижување на деца. сс/дма/

Остани поврзан