• недела, 28 јули 2024

Официјално потврдено: Коби Брајанат загина во хеликоптерската несреќа во Калифорнија

Официјално потврдено: Коби Брајанат загина во хеликоптерската несреќа во Калифорнија
Лос Анџелес, 26 јануари 2020 (МИА) - Легендарниот поранешен кошаркар во НБА, Коби Брајант, загина денеска во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, потврдија официјални лица. Во хеликоптерската несреќа во Калабасас, Калифорнија загина и неговата 13-годишна ќерка Џана. „Брајант беше меѓу патниците што патуваа на со хеликоптер денеска. Пет лица се загинати, нема преживеани во хеликоптерска несреќа во Калабасас“, соопшти Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес на Твитер. Истрагата е во тек. Брајант е роден 1978 година во Филаделфија, а целата кариера играше за Лос Анџелес Лејкерс од 1996 до 2016 година, освојувајќи пет титули во НБА. Беше двапати најкорисен играч на финалето во НБА, еднаш МВП од регуларната сезона, 18 пати учествуваше во „Ол-стар“, победи на натпревар за забивање, двапати беше најдобар стрелец на лигата. зш/зс/

Остани поврзан