• недела, 28 јули 2024

Официјално: Ловрен премина во рускиот шампион

Официјално: Ловрен премина во рускиот шампион
Ливерпул, 27 јули 2020 (МИА) - Дефанзивецот Дејан Ловрен го направи својот трансфер од Ливерпул во Зенит, објавија двата клуба. Договорот со неговиот нов тим е за следните три сезони. Финансиските детали за договорот не се објавени, но според информациите, рускиот шампион платил 11 милиони фунти за 31-годишниот играч. Хрватскиот интернационалец мина 6 години на „Енфилд“, одигра 185 натпревари со 8 погодоци. Минатата сезона ја освои Лигата на шампионите со тимот, а оваа година - титулата во Англија. Менаџерот Јирген Клоп и напаѓачот, Мохамед Салах, се збогуваа со Ловрен со видео пораки. Тренерот истакна колку е важен дефанзивецот за тимот, додека Египќанецот, кој беше доста близок со него, рече дека многу ќе му недостасува неговиот сегашен соиграч.

Тагови

Остани поврзан