• недела, 29 декември 2024

Официјално: Ливерпул привлече дефанзивец од Олимпијакос

Официјално: Ливерпул привлече дефанзивец од Олимпијакос
Ливерпул, 10 август 2020 (МИА) - Англискиот шампион Ливерпул и официјално го привлече дефанзивецот Костас Цимикас од грчки Олимпијакос. 24-годишниот репрезентативец на Грција има три натпревари за својата земја и потпиша петгодишен договор со клубот од „Енфилд“. Според информациите, актуелниот европски шампион ќе плати 14 милиони евра на Грците за правата на играчот, кој ќе добива 50 илјади фунти неделно како плата. Цимикас го направи своето деби за Олимпијакос во декември 2015 година и досега има одиграно 86 натпревари за грчките гиганти. - Јас сум многу среќен и горд што сум тука. За мене ова е најголемиот клуб во светот. Чест и привилегија е да го носам овој дрес, па ќе дадам се од себе, изјави Цимикас за веб-страницата на клубот. Костас ќе носи бр.21 на грб, кој го носеше Алекс Окслејд-Чемберлен, но англискиот играч од средниот ред реши да го замени со бр.15. - Ја гледам лигата во Англија многу на ТВ. Отсекогаш сонував да играм во Премиер лигата еден ден. Ако работам напорно и се фокусирам на она што го сака тренерот, ќе бидам на највисоко ниво. Сакам да освојам многу, првенството, како и Лигата на шампионите, заклучи тој.

Тагови

Остани поврзан