• среда, 25 декември 2024

Официјално: Ивановиќ се врати во Премиер лигата

Официјално: Ивановиќ се врати во Премиер лигата
Вест Бромвич, 15 септември 2020 (МИА) - Бранислав Ивановиќ официјално се врати во Премиер лигата откако потпиша едногодишен договор со Вест Бромвич Албион. 36-годишниот Србин го напушти Челзи во февруари 2017 година и последните три и пол години ги мина во Русија со Зенит Санкт Петербург. Ивановиќ станува шестото ново засилување на менаџерот Славен Билиќ ова лето по доаѓањето на Грејди Дианана, Матеус Переира, Седрик Кипре, Дејвид Батон и Калум Робинсон. - Премиер лигата е најдобрата лига во светот. Подготвен сум за предизвикот. Навистина сум среќен што се вратив во Премиер лигата. Се надевам дека ќе имам успех тука. Имам многу амбиции и сакам да докажам многу работи. Ќе дадам сè за тимот, рече Ивановиќ на својата презентација. Српскиот дефанзивец помина девет години во Челси помеѓу 2008 и 2017 година, освојувајќи 10 големи трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2012 година. За „сините“ запиша 61 настап во Премиер лигата. Ивановиќ, кој може да игра како десен бек или централен дефанзивец, беше слободен играч по по 22 јули, кога заврши руската Премиер лига.

Тагови

Остани поврзан