• сабота, 28 декември 2024

Официјално: Бејл се врати во Тотенхем

Официјално: Бејл се врати во Тотенхем
Лондон, 19 септември 2020 (МИА) – Велшкиот фудбалер и член на Реал Мадрид, Герет Бејл се врати во Тотенхем, објавено е на веб-страницата на „Спарс“. Тој ќе игра за клубот од Лондон на позајмица. Претходно беше објавено дека Тотенхем е подготвен да му ја исплати на Бејл целата плата, а Реал ќе ги преземе бонусите. Бејл се приклучи на Реал Мадрид од Тотенхем летото 2013 година. Сумата за трансфер беше 101 милион евра. Минатата сезона, 31-годишниот велшки напаѓач учествуваше на 16 првенствени натпревари во Шпанија, на кои постигна два гола и оствари две асистенции. Договорот на фудбалерот со мадридскиот клуб важи до летото 2022 година. зс/

Остани поврзан