• понеделник, 07 октомври 2024

Официјално: Баерн го привлече Даглас Коста

Официјално: Баерн го привлече Даглас Коста
Минхен, 5 октомври 2020 (МИА) - Раководството на Баерн (Минхен) официјално го објави привлекувањето на Даглас Коста од Јувентус. Бразилското крило пристигнува во Баварија како трансфер до крајот на сезоната. 30-годишниот крилен напаѓач играше за Минхен од 2015 до 2017 година, по што премина во редовите на италијанскиот гигант. - Даглас ќе ја засили нашата игра на крилните позиции. Заедно со Серж Гнабри, Лерој Сане, Кингсли Коман, Џамал Мусиала и Даглас, имаме топ играчи на крилата. Даглас го познава Баерн и брзо ќе влезе во ритам, сподели спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан