• четврток, 26 декември 2024

Официјална Атина демантира наводен предлог од Лавров за ко-производство со Грција на руската вакцина  

Официјална Атина демантира наводен предлог од Лавров за ко-производство со Грција на руската вакцина  
Атина, 5 февруари 2021 (МИА) – Портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану и алтернативната владина портпаролка Аристотелиа Пелони, демантираат дека министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, за време на средбата со неговиот грчки колега Никос Дендиас на крајот од октомври предложил ко-производство со Грција на руската вакцина, јави дописничката на МИА од Атина. Реакцијата доаѓа откако весникот „Естиа“ на денешната насловната страница објави текст дека Лавров да време на посетата на Атина предложил ко-производство на руската вакцина во Грција. Алтернативната портпаролка на грчката Влада Аристотелиа Пелони во интервјуто за радиото „Тема“, рече дека прв пат слуша за такво нешто и дека на средбата Дендиас-Лавров „никогаш не беше покренато прашањето за копроизводство со Грција на руската вакцина“. Портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану, одговарајќи на новинарско прашање за конкретната тема, излезе со писмена изјава. -За време на средбата на министерот за надворешни работи г-дин Дендиас со рускиот колега г-дин Лавров во Атина на 26 октомври 2020 година, меѓу другото, беше разговарано и за текот на пандемијата. Во овој контекст, рускиот министер се осврна на разврските во однос со создавањето и производството на руска вакцина за справување со Ковид-19. Но, никогаш не беше споменато копроизводство на вакцината од нашата земја, вели Папајоану. ср/

Остани поврзан