• четврток, 26 декември 2024

ОУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче ќе добие надградба

ОУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче ќе добие надградба
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче добива надградба со која ќе се обезбеди капацитет за примање на над 100 нови ученици, соопшти Општина Аеродром. -Со предвидената надградба која денеска ја презентираше градоначалникот Тимчо Муцунски, овој дел на Аеродром повеќе нема да го има проблемот со недоволен број училници и административни простории за нови ученици и кадар, како и дотраените стари инсталации, се вели во соопштението. Од општината информираат дека доградбата е предвидена на 314 квадратни метри нова површина над постојното источно крило од училиштето, при што, покрај трите нови училници и новата канцеларија, ќе бидат изведени нова кровна конструкција, внатрешна и надворешна столарија, нови подови, нова термичка фасада, целосно нова опрема, како и нови електрични, водоводни, термотехнички и противпожарни инсталации. Општина Аеродром исто така работи на проширувањето на капацитетите на ОУ „Блаже Конески“, со што се превенираат идните појави на недостиг од капацитети за згрижување нови ученици. сх/лв/

Остани поврзан