• четврток, 26 декември 2024

Отчет на градоначалникот на Карбинци за сработеното во изминатите сто дена

Отчет на градоначалникот на Карбинци за сработеното во изминатите сто дена
Карбинци, 11 февруари 2022 (МИА) - Општината е нашиот дом. Со цела сила сакаме да покажеме дека можело поинаку, дека оваа наша општина може да биде многу поубаво и помирно место за живеење, нагласи градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов во обраќањето денеска по повод сто дена од неговото работење. Посочи дека во изминатите 100 се исчистени две големи депонии на територија на Општина Карбинци, а на исчистените локации поставени се  табли на кои се алармира дека е забрането фрлање отпад. - Асфлатиравме улица во село Таринци.Целосно го завршивме започнатиот проект кој се градеше со години, мостот и пристапниот пат во село Карбинци. Започнавме партерно уредување на влезот во селото Таринци.Започнуваме со реализација на уште една улица во село Долни Балван. Набавени нови детски играчки за дворот во детската градинка „Кокичиња", одобрен е проектот за реализација за доградба на детската градинка „Кокичиња" со капацитет за дополнителни 50 дечиња. Исчистени повеќе јавни површини во селата Крупиште, Балван, Таринци, Карбинци, Радање и Аргулица, вели Паунов. Забележа дека за наредниот период обезбедени се и средства за реконструкција и доградба на нова училишна зграда во Таринци, нова детска градинка во Карбинци, уредување на одводниот канал „Герен", како и елаборат за отстранување на објект „Спортска сала" во Долни Балван. -Во завршна фаза е уредувањето на речното корито на река Козјачка во Карбинци. Уредно легализирани над 20 предмети кои со години чекаа завршница, а веќе се работат и преостанатите. Во завршна фаза е инфраструктурното уредувањето на индустриската зона, рече градоначалникот Паунов. Додаде дека е завршен и пристапниот пат до село Парналија, а уличното осветлување се подигна на многу повисоко ниво со брзи и ефикасни интервенции. Меѓу другото, потенцира дека општината е отворена за сите граѓани, забразна е работата на општинската администрација, а тој се откажал од репрезентативните трошоци. вдј /цр

Остани поврзан