• среда, 25 декември 2024

Отфрлени заклучоците на Република Српска за границата со Федерацијата БиХ

Отфрлени заклучоците на Република Српска за границата со Федерацијата БиХ

Сараево, 18 февруари 2020 (МИА) - Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина Фадил Новалиќ ги отфрли заклучоците на Народното Собрание на Република Српска во врска со дефинирање на граничната линија помеѓу Република Српска и Федерацијата  БиХ . Тој јасно стави до знаење дека Федерацијата БиХ не учествувала и нема да учествува во какви било разговори во врска со граничната линија, пренесува Фена. Со овој заклучок, Народното собрание на Република Српска ја задолжи Владата на Република Српска да ги продолжи започнатите преговори со Владата на Федерацијата БиХ со цел дефинирање на граничната линија на ентитетот, во согласност со Анекс два од Општиот рамковен договор за мир во БиХ. Беа донесени осум заклучоци, со кои Националното собрание на РС ги обврзува, меѓу другото, претставниците на РС во институциите на БиХ да предложат во Парламентарното собрание на БиХ усвојување на Законот за престанок на мандатот на странските судии и избор на домашни судии во Уставниот суд на БиХ. паг/  

Остани поврзан