• среда, 27 ноември 2024

Отфрлени две листи за градоначалници и шест за советници

Отфрлени две листи за градоначалници и шест за советници
Скопје, 20 септември 2021 (МИА) – Потврдени се 303 листи за градоначалници и 567 за советници, информираа за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Има отфрлени две листи за градоначалници, односно во Охрид и Струга по една и шест за советници во Врапчиште, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Струга и Тетово. ДИК најдоцна до 23 септември треба да изврши жребување за редослед на кандидатските листи на гласачките ливчиња. Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. По извршениот жреб потврдените кандидатски листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огласени од страна на избирачките одбори. ДИК утре на јавна седница во 15 часот ќе ја спроведе жрепката за политичко рекламирање за распределба на локации за рекламни паноа и билборди согласно критериумите од Изборниот законик. мс/са/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан