• сабота, 23 ноември 2024

Отстранет дефектот на главната водоводна мрежа во Делчевско

Отстранет дефектот на главната водоводна мрежа во Делчевско
Делчево, 5 август 2022 (МИА) - Отстранет дефектот на главната водоводна мрежа помеѓу делчевското село Стамер и населба Ѕвегорска Река, поради што без вода за пиење повеќе од 12 часа беа жителите од повисоките делови на Делчево. Како што информираше Невенчо Ратков, вработен во ЈКП „Брегалница“ дефектот е отстранет околу 10 часот утрово, по што околу пладне се очекува целосно нормализирање на водоснабдувањето во градот.
-Наши екипи работеа на дефект од пообемен карактер, кој во моментот е отстранет. Очекуваме од 12 до 13 часот вода да добијат сите корисници кои се приклучени на водоводната мрежа на ЈКП „Брегалница“, рече Ратков.
Посочи дека дефектите од ваков обем бараат време за справување со истите, заради што апелираше во иднина доколку дојде до сличен дефект, граѓаните да бидат стрпливи.
-Бидејки се работи за пречник ф-400, тешко се наоѓаат делови, да се надеваме дека поретко ќе имаме вакви дефекти во иднина, но кога би имале апелираме граѓаните да бидат стрпливи, рече Ратков.
Од претпријатието претходно информираа дека и покрај високите температури не се предвидени дополнителни рестрикции во водоснабдувањето. вс/ки/

Остани поврзан