• среда, 04 декември 2024

Отстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров

Отстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување 40 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров.

-Расчистена е обемна дива депонија на улицата „Чаирска“ во населбата Гази Баба, во непосредна близина на ООУ „Тефејуз“, каде што се подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад, се наведува вос оопштението од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Оттаму посочуваат дека повторно интервенирале и на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), каде што од јавни површини се отстранети 10 кубни метри мешан комунален, кабаст отпад и неколку автомобилски гуми.

На улицата „Васил Чакаларов“ во непосредна близина на Порта Влае биле подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри непрописно одложен градежен и кабаст отпад, санитарии и отпад од картонски пакувања одложени на тревни и сообраќајни површини. дма/ев/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан