• среда, 25 декември 2024

Отстранети повеќе диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар

Отстранети повеќе диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализирале низа активности за отстранување диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар.

Во општината Кисела Вода е интервенирано на улиците „Невена Георгиева-Дуња“ и „Димо Хаџи Димов“, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, градежен и кабаст отпад.

ЈП Комунална хигиена-Скопје информира дека се расчистени и неколку помали диви депонии во околината на Градскиот стадион, каде што се подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри отпад од јавни површини.

Воедно, во текот на изминатава седмица, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготвиле седум едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во скопските општини Центар, Карпош и Чаир. Во рамките на интервенциите на Еко-патролата, од страна на сторителите биле отстранети вкупно 32 кубни метри непрописно одложен градежен отпад. цр/лв/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан