• четврток, 26 декември 2024

Отстранети диви депонии од Центар, Аеродром и Чаир и исчистена „Пластичарска улица“

Отстранети диви депонии од Центар, Аеродром и Чаир и исчистена „Пластичарска улица“

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - Подигнати над 100 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии низ Скопје, лоцирани во општините Чаир, Аеродром и Центар и исчистена „црната точка“ на градот, „Пластичарска улица“, соопштија од ЈП „Комунална хигиена-Скопје“.

- Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ реализираа активности за отстранување дива депонија лоцирана на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), на аголот со улицата „Максут Садик“, во непосредна близина на Амбасадата на САД. Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри непрописно одложен отпад, информираат од „Комунална хигиена“. 

Како што велат од јавното претпријатие, посочениот реон претставува „црна точка“ каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. 

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ подигнаа и транспортираа приближно 100 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Аеродром и Центар.

- Активностите се одвиваа на улиците „Христијан Тодоровски-Карпош“ и „Џон Кенеди“, како и булеварот „Македонско-косовска бригада“ во општината Чаир, во реонот зад ТЦ „Капитол“ во општината Аеродром, како и на улицата „Даме Груев“ во строгиот центар на градот, каде што е забележано одлагање обемни количини отпад од картонска амбалажа, известуваат од ЈП „Комунална хигиена-Скопје“. ир/аа/

 

Фото: ЈП „Комунална хигиена-Скопје“

Остани поврзан