• сабота, 23 ноември 2024

Отстранети диви депонии во пет скопски општини

Отстранети диви депонии во пет скопски општини

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје информираат дека во текот на вчерашниот ден, екипи на претпријатието отстраниле 65 кубни метри отпад од диви депонии. Отстранетиот отпад се наоѓал на територија на општините Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир.

- Интервенирано е на булеварот „Александар Македонски“, како и на улиците „Џон Кенеди“ и „Крсте Асенов“ во општината Чаир, каде што се подигнати 15 кубни метри непрописно одложен градежен и кабаст отпад, потенцираат од претпријатието.

Расчистени биле и две диви депонии во Ѓорче Петров, лоцирани на улицата „Никола Парапунов“. Притоа, отстранети биле 15 кубни метри отпад.

- Екипите на претпријатието имаа активности за расчистување и на обемна дива депонија лоцирана на паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“. Притоа, подигнати се 20 кубни метри претежно кабаст отпад. Расчистени се и приближно 15 кубни метри отпад од картонска амбалажа, одложен на јавни и сообраќајни површини во непосредна близина на „Зегин“ на скопски Бит Пазар, како и на повеќе локации во населбата Кисела Вода, се додава во соопштението. бд/ев/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Остани поврзан