• среда, 25 декември 2024

Отстранети десетина диви депонии во скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Чаир

Отстранети десетина диви депонии во скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Чаир

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Во текот на празничниот продолжен викенд, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад од десетина диви депонии лоцирани во скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Чаир.

Како што соопшти „Комунална хигиена“ - Скопје, отстранети се автомобилски гуми, стар и неупотреблив мебел, градинарски отпад и градежен шут што биле непрописно одложени на јавни и сообраќајни површини на улиците „Февруарски поход“ во општината Аеродром, „Орце Николов“ и „Народен фронт“ во општината Центар, „Вуковарска“ во општината Чаир,  улиците „Јуриј Гагарин“ и „Париска“, како и булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“ во скопската општина Карпош.

- Во текот на викендот беше извршено и целосно расчистување на теренот по сообраќајната незгода што се случи на аголот меѓу булеварите „Србија“ и „Трета македонска бригада“ во скопската општина Аеродром, се вели во соопштението. мд/ац/

Фото:  ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Остани поврзан