• среда, 25 декември 2024

Отстранети времените објекти пред општинската зграда во Кичево 

Отстранети времените објекти пред општинската зграда во Кичево 

Кичево, 26 јули 2021 (МИА) - Целосно се отстранети времените објекти кои пред околу три децении беа поставени пред општинската зграда во Кичево. Отстранувањето е поради реконструкција на улицата„ Борис Кидрич“, каде беа лоцирани овие објекти.

Според граѓаните, со целосното отстранување на времените објекти се отвори видикот кон општинската зграда и Катастарот.

На оваа локација имаше и сопственици на бизнизи, кои цели три децении тука заработуваа за живот.

-Долги години имав имав мал бизнис во еден од времените објекти. Сега кога објектите се отстранети, кога ќе поминувам на ова место редовно ќе се присетувам на годините поминати во мојот продажен објект и познанството со голем број вљубеници во аквариуми и аквариумски рипки. Но, времињата се менуваат и условите во урбаните средини исто така, што беше и главен фактор за да се отстранат овие објекти, вели Мире Ночески, еден од сопствениците на времен објект пред општината. за/мд/

Остани поврзан