• недела, 24 ноември 2024

Отстранета цевка од зграда во Гевгелија која беше опасност за станарите

Отстранета цевка од зграда во Гевгелија која беше опасност за станарите

Гевгелија,12 јануари 2022 (МИА) - По иницијатива на група граѓани, станари во колективна зграда на улицата „Ристо Чавдаров“ во Гевгелија, што беше опожарена пред неколку години, отстранета е цевка која висеше од покривот и претставуваше потенцијална опасност по жителите и околината.

Цевката, велат станарите, останала да виси од покривот по расчистувањето на сметот од пожарот, поради неможноста тогаш да се отстрани без соодветна механизација која денеска беше обезбедена од градежната фирма „Еуроинг“ од Гевгелија. Интервенцијата ја изврши екипа на јавното претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија со што конечно е отстранета цевката која при евентуално паѓање се закануваше да предизвика материјална штета и евентуални телесни повреди на станарите или на случајни минувачи. Гевгелискиот градоначалник Андон Сарамандов упати апел до гевгеличани секојдневно да пријавуваат вакви и слични проблеми како би можела општината на време да постапува по нив и да ги решава. им/сп/

Остани поврзан