• вторник, 24 декември 2024

Отслужувал доживотен затвор, а по 37 години е прогласен за невин

Отслужувал доживотен затвор, а по 37 години е прогласен за невин
Мајами, 27 август 2020 (МИА) Американецот Роберт Дубоа од Флорида бил осуден за убиство и силување и мина 37 години в затвор... Но, пред извесно време, со помош на современа ДНК-анализа, тој е прогласен за невин. Државниот правобранител на Хилсборо, Ендрју Ворен изјави дека ДНК-анализата го решила случајот, во којшто Дубоа неправедно бил осуден 1983 година за силување и убиство на 19-годишната Барбара Гремс. Тој рече дека доказите потврдиле дека 55-годишниот Роберт Дубоа не го сторил кривичното дело во 1983 година и дека вистината е откриена како резултат на преиспитување на ДНК-доказите како дел од њујоршкиот „Проект за невиност“. - Во 2016 година ветив дека ќе формирам Единица за проверка на осудените, што ќе ги испитува сомнителните пресуди. Денеска го започнавме процесот на ослободување на човек што минал 37 години в затвор за убиство што не го сторил, а сега се впуштаме во потрага по вистинскиот убиец, рече Ворен. Роберт Дубоа, на кого во 1980-тите му се судело за кривично дело што не го сторил, прво е осуден на смрт во 1983 година, но судот подоцна тоа го заменил со казна доживотен затвор. си/ссм/

Остани поврзан