• среда, 27 ноември 2024

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Седум амбасадори се отповикани од функцијата со укази на претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, кои се објавени вчера во Службен весник.

Како што може да се види од објавените укази, станува збор за повлекување на амбасадорите на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески, на Данчо Марковски од Албанија, на Фатон Бејта од Данска, на Сали Лимани од Казахстан и од Катар на амбасадорот Шабан Јашари. 

Отповикувани се и амбасадорката Теута Агаи Демјаха, која е шефица на Постојната мисија на Северна Македонија во ОН во Женева и амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова.

Согласно указите, мандатот на Талески во Постојаната делегација на Република Северна Македонија при НАТО, со седиште во Брисел престанува заклучно со 14 јануари, 2025 година, а на останатите амбасадори заклучно со 30 ноември, годинава. 

Указите стапуваат во сила со нивното објавување во Службен весник, а ќе ги изврши министерот за надворешни работи и надворешна трговија. вг/аа/

Фото: МИА Архива/принтскрин

 

 

Остани поврзан