• сабота, 28 декември 2024

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Откриен досега непознат дел од човековата вилица
Базел, 3 јануари 2022 (МИА) - Група швајцарски научници открија нов, досега непознат дел од човековото тело. Тоа е третиот слој на мускулот на долната вилица за којшто науката досега не знаеше. Засега не се разгледувало дали има трет слој на овој тн. масетеричен мускул. Во испитувањата се користени 12 глави од човечки тела, кои биле складирани во формалдехид, а потоа и расчленети. Освен тоа, и глава на жива личност била прегледана со магнетна резонанца. Кога се стегаат забите и се ставаат прстите на образот, можно е да се забележи мускулот, а неопходен е за џвакање храна. Новитетот е објавен во научното списание „Аналс оф анатоми“ (Annals of Anatomy). Според Јенс Кристоф, еден од истражувачите и професор на швајцарскиот Универзитет на Базел, ова е исклучително битно откритие. Според д-р Силвија Мезеј, која го водела истражувањето, овој дел од мускулот, веројатно, ја стабилизира долната вилица и ѝ дозволува да се врати накај увото. А, откритието пак, според научниците, покажува колку човекот не си ја познава анатомијата.  си/

Остани поврзан