• четврток, 26 декември 2024

Откриен главниот причинител на кариес - бактеријата „Selenomonas sputigena“

Откриен главниот причинител на кариес - бактеријата „Selenomonas sputigena“

Филаделфија, 13 јуни 2023 (МИА) - Ново истражување во САД открива дека бактериите „Selenomonas sputigena“ се главни причинители на расипување на забите и кариес. Во испитувањата учествувале Стоматолошкиот факултет при Универзитетот на Пенсилванија, Стоматолошкиот факултет „Адамс“ и Факултетот за глобално јавно здравје при Универзитетот на Северна Каролина, објави електронското списание „Медикалекспрес“ (MedicalExpress).

- Ова е неочекувано откритие што ни дава нов увид во развојот на кариесот, ги опишува можните идни начини на спречување кариес и открива нови механизми за формирање бактериски биофилм што може да биде корисно во други клинички случаи, појасни Мишел Ку, професор на Универзитетот на Пенсилванија.

Досега се сметаше дека бактериите од видот „Streptococcus mutans“, коишто го создаваат забниот плак и оксидираат, се главната причина за расипувањето на забите.

Во новиот научен труд, авторите докажуваат дека бактеријата „S. sputigena“, досега главно поврзана со воспаленијата на непцата, веројатно е главниот „соучесник“ на „S. mutans“ во појавата на кариес.  си/

Фото: Пиксабеј.

Остани поврзан