• вторник, 24 декември 2024

Откриени 20 мигранти од Непал, приведен криумчарот

Откриени 20 мигранти од Непал, приведен криумчарот

Скопје, 11 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода А.П.(36) од Штип, со привремено живеалиште во с.Дамјан, радовишко, затоа што во возило комбе „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 лица мигранти од Непал.

Како што соопшти МВР вечерва, лицето било барано по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Куманово поради бегство.

-Имено, околу 13.20 часот во близина на наплатна станица Демир Капија, во правец Неготино-Демир Капија, полициски службеници го забележале возилото и дале знак за негово запирање. Возилото продолжило со движење, по што на наплатната станица возачот го запрел и тој со уште едно лице го напуштиле местото. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, а по преземени мерки бил пронајден возачот В.К., кој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, се посочува во соопштението од МВР.

Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба мигрантите ќе бидат сместени во прифатно-транзитен центар во Табановце и во Прифатниот центар за странци-Скопје, информираат од полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. ев/

Остани поврзан