• среда, 25 декември 2024

Откриени илегални мигранти во две возила управувани од турски државјани

Откриени илегални мигранти во две возила управувани од турски државјани

 Скопје, 18 октомври 2024 (МИА) - Седум илегални мигранти од Сирија, од кои тројца малолетни, открила денеска полицијата во патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рентакар агенција од Скопје, а управувано од И.А.(54) од Турција.

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го сопреле возилото во близина на наплатната станица Гевгелија, во правец кон Скопје, во 12.30 часот. Притоа во возилото биле откриени седумтемина мигранти, а И.А. бил лишен од слобода. МВР информира дека по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така денеска, во 12.10 часот, на крстосницата кај Богданци при контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со црногорски национални ознаки, сопственост на рентакар агенција, а управувано од С.Ј.Ф., турски државјанин со привремен престој во Црна Гора, биле пронајдени пет лица илегални мигранти од кои две малолетни.

-С.Ј.Ф. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти Министерството за внатрешни работи. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан