Откриена слика од кенгур стара 17.300 години во Австралија
- Научниците сметаат дека ова е најстарото недопрено уметничко дело во Австралија.
Мелбурн, 23 февруари 2021 (МИА) - Австралиски истражувачи го открија најстарото уметничко дело во земјата, врежано во карпа - кенгур насликан пред 17.300 години. Двометарското дело е нацртано со црвена боја, објави Би-би-си.
Сликата во карпа е пронајдена во областа Кимберли во Западна Австралија, познат по своите слики во карпи од Абориџините. Наодот е објавен во списанието „Нејчр хјуман бихејвиор“.
Научниците сметаат дека ова е најстарото недопрено уметничко дело во Австралија.
На почетокот на оваа година, истражувачи ја пронајдоа и најстарата слика во пештера во светот - свиња во природна големина. Таа е стара 45.000 години, и се наоѓа на островот Сулавези, во Индонезија. си/сд/