Откриена радијација во рускиот град Хабаровск, прогласена вонредна состојба
- Властите во рускиот далечен град Хабаровск прогласија вонредна состојба во областа каде што е пронајден „извор на радиоактивно зрачење“, јавија руските медиуми.
![Откриена радијација во рускиот град Хабаровск, прогласена вонредна состојба](https://new.mia.mk/index.php/images/20240405132928_big_730x400_23.webp )
Москва, 5 април 2024 (МИА) - Властите во рускиот далечен град Хабаровск прогласија вонредна состојба во областа каде што е пронајден „извор на радиоактивно зрачење“, јавија руските медиуми.
Се вели дека зголемени нивоа на радијација биле откриени во близина на столб за струја на околу 2,5 километри од станбените згради.
-Никој не е повреден или изложен на радијација и „нема закана по здравјето на граѓаните“, информира локалниот огранок на руската агенција за заштита на потрошувачите.
Се наведува дека нивото на радијација ќе се следи во следните два дена и ќе се истражи изворот на зрачењето. мс/
фото: МИА архива