• вторник, 24 декември 2024

Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог...

Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог...

Рим, 11 ноември 2024 (МИА) - Италијанската полиција откри огромна паневропска мрежа за фалсификување чии членови правеле и продавале лажни уметнички дела што им се припишуваат на некои од најголемите имиња во модерната и современата уметност, вклучувајќи ги Бенкси, Пикасо и Ворхол.

Во Италија, Шпанија, Франција и Белгија, 38 лица се под истрага под сомнение за заговор за „зделка“ со украдена стока, фалсификување и нелегална продажба на уметнички дела, беше објавено во заедничкото соопштение на Канцеларијата на карабинерите за фалсификувани уметнички дела и Обвинителството во Пиза.

Главната обвинителка од Канцеларијата во Пиза, Тереза ​​Анџела Камелио, изјави дека експертите од архивата на Бенкси, кои помагале во истрагата, денешната операција ја сметаат за „најголем чин на заштита на работата на Бенкси“. Меѓу другите фалсификати се делата на големите уметници од 19 и 20 век, како што се Клод Моне, Винсент Ван Гог, Салвадор Дали, Хенри Мур, Марк Шагал, Френсис Бејкон, Пол Кле и Пит Мондријан.

Инспекторите соопштија дека се запленети повеќе од 2.100 фалсификати, чија пазарна вредност се проценува на околу 200 милиони евра. Тие рекоа и дека откриле шест работилници каде се фалсификувале делата, две во Тоскана, една во Венеција и останатите на други места во Европа. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан