• четврток, 26 декември 2024

Откажан Филмскиот фестивал во Пула

Откажан Филмскиот фестивал во Пула
Пула, 15 јули 2020 (МИА) - Хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита одлучи да го откаже годинашниот Филмски фестивал во Пула, поради влошената состојба со врска корона-епидемијата. Се проценува дека собирите на голем број луѓе претставуваат настани со висок ризик за ширење на коронавирусот. Ова за кусо време може да го зголеми бројот на заразени и болни и дополнително да го загрози здравјето на населението во округот Истра. Така би се оптоварил и здравствениот систем во округот“, се вели во соопштението. Организаторите нагласија дека фестивалот се приклучува кон општата општествена одговорност со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во Хрватска. „Наредните неколку дена ќе објавиме алтернативни начини за одржување и прикажување на фестивалската програма“, се додава натаму во известувањето.  си/сд/

Остани поврзан