• среда, 25 декември 2024

Откажан слаломот во Банско поради дожд

Откажан слаломот во Банско поради дожд

 

Банско, 11 февруари 2024 (МИА) – Слаломот од Светскиот куп во алпско скијање е откажан денеска во Банско, откако силен дожд, проследен со густа магла, ја оштетија патеката, соопштија организаторите.

Прекинот беше означен по стартниот број 31 кога организаторите проценија дека нема услови за продолжување на трката.

Откажувањето најмногу го разочара Французинот Клемен Ноел, кој беше водечки пред норвешките скијачи Тимон Хауган (+0.27) и Хенрик Кристоферсен (+0.38).

На патеката во Банско вчера се возеше машкиот велеслалом на кој триумфираше Швајцарецот Марко Одермат. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан