• среда, 25 декември 2024

Откажан најголемиот саем за мобилни телефони во светот поради коронавирусот

Откажан најголемиот саем за мобилни телефони во светот поради коронавирусот
Барселона, 12 февруари 2020 (МИА) - Најголемиот саем за мобилни телефони во светот, Мобајл ворлд конгрес (Mobile World Congress) е откажан поради коронавирусот. Извршниот директор на организаторот Џон Хофман изјави дека ширењето на епидемијата го оневозможува одржувањето на настанот, кој беше на програмата од 24 до 27 февруари во Барселона. - Земајќи го предвид безбедното и здраво опкружување во Барселона и земјата домаќин, ГСМА го откажа Саемот Барселона 2020 затоа што глобалната загриженост за појавата на коронавирусот, патувањата и други околности оневозможува одржување на настанот. Нашите мисли се со оние кои се погодени од вирусот во Кина и ширум светот , рече Хофман, пренесува Врџ. ссм/  

Остани поврзан