• четврток, 26 декември 2024

Откажан забавниот дел на Вевчанскиот карневал, симболично дефиле под маски

Откажан забавниот дел на Вевчанскиот карневал, симболично дефиле под маски

Скопје, 13 јануари 2024 (МИА) - Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од оваа манифестација поради загинувањето на млад жител на Вевчани, соопшти денеска градоначалникот Спасе Кочовески. 

-Трагедијата што се случи сношти во Вевчани, сообраќајна несреќа, погина млад член на Вевчани, жител на Вевчани. Улиците на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат.  Вечерашниот концерт е откажан. Вевчани овој ден го чека цела година, меѓутоа, не на ваков начин, изјави Кочовески.

null

Градоначалникот на Вевчани истакна дека претпладнево имале средба со вевчанските друштва и дека дефилето ќе се одржи во некоја минимална форма. 

- Утрово маскирано лице не забележавме, не било никогаш вака, рече Кочовески и додаде дека рестораните ќе работат без музика. 

Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека не го препознава Вевачни вакво и изрази жалење и сочувство до фамилијата на младото момче.

-Јас, за жал, знам како изгледа таа болка. Цела ситуација е неизвесна. Тоа што ќе го одлучат граѓаните на Вевчани, денеска да се случува, тоа и ќе се случува. Наредната година, традицијата ќе продолжи понатаму. Се надевам вакви немили настани повеќе нема да има, изјави министерката Костадиновска Стојчевска.

Деветнаесетгодишно момче со иницијали М.М. синоќа загина во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 1: 20 часот на локален пат меѓу Вевчани и струшкото село Подгорци, информираат од СВР Охрид. 

Полицијата соопшти дека увид на лице место извршиле полициски екипи, како и дека и јавен обвинител излезен е на местото на настанот. 

Според информациите од Вевчани, каде денеска треба да се одржи традиционалниот Вевчански карневал, станува збор за синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски. сс/ев/ 

ФОТО: МИА

Остани поврзан