• недела, 24 ноември 2024

Откажани летови поради штрајк во Белгија

Откажани летови поради штрајк во Белгија
Брисел, 9 ноември 2022 (МИА) - Најголемиот аеродром во Белгија, бриселскиот „Завентем“, денеска ќе откаже половина од предвидените летови, а ниту еден авион нема да полета од базата на Рајанер поради штрајк на синдикатите, незадоволни од падот на куповната моќ. Најголемиот аеродром во Брисел, што во септември имаше два милиони патници, соопшти дека очекува „сериозни нарушувања“ и оти голем број летови ќе бидат откажани или одложени. Вториот по големина аеродром Шарлроа, јужно од Брисел, ги откажа сите летови, објавено е на страниците на интернет. Јавниот превоз речиси целосно ќе биде во прекин, штом белгиските работници почнат со маршот низ Брисел, барајќи поголеми плати и подобри услови за работа. Годишната инфлација во Белгија во октомври достигна 12,27 проценти, најмногу од јуни 1975 година. Тоа првенствено се должи на порастот на цените на храната и на енергијата. бд/сд/

Остани поврзан