• сабота, 09 ноември 2024

Откажани летови во делови на Велика Британија и прекини на струја во Ирска поради невреме

Откажани летови во делови на Велика Британија и прекини на струја во Ирска поради невреме

Лондон, 7 април 2024 (МИА) - Невреме во Велика Британија и Ирска предизвика откажување на летовите во двете земји и остави без струја илјадници домови во Ирска, објавија британските медиуми.

Невремето, наречено Кетлин, погоди голем број летови на аеродромите во Ирска и Велика Британија, вклучувајќи ги аеродромите во Манчестер, аеродромот во Белфаст и аеродромот во Даблин. Во Шкотска, од невремето беа погодени и железничките и фериботите.

Силниот ветер предизвика прекин на електричната енергија. Околу 34.000 домаќинства и бизниси останаа без струја во Ирска. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан