• среда, 25 декември 2024

Откажана завршната етапа од Трката низ Австрија поради смртта на Дреге

Откажана завршната етапа од Трката низ Австрија поради смртта на Дреге


Виена, 7 јули 2024 (МИА) – Последната етапа на 73. издание на велосипедската трка околу Австрија нема да се вози поради трагичната смрт на норвешкиот велосипедист Андре Дреге во саботата, соопштија денеска организаторите.
Според организаторите, 25-годишниот норвешки велосипедист од тимот Coop-Repsol паднал додека се спуштал од највисоката австриска планина Гросглокнер кон Хајлигенблут и им подлегнал на повредите. Деталите за несреќата сè уште не се познати. Познато е само дека Дреге бил во водечката група.
Организаторите соопштија дека по договор со семејството, неговиот тим и останатите екипи, решиле да ја откажат последната етапа, која требаше да се вози денеска.
„Целиот наш тим е шокиран од оваа трагична несреќа и нашите мисли и молитви се со семејството на Андре, пријателите и неговиот тим Coop-Repsol“, рече директорот на трката Томас Пуп. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан