• вторник, 12 ноември 2024

Отворен хуманитарен коридор преку кој украинските борци кои го положиле оружјето може да го напуштат Мариупол

Отворен хуманитарен коридор преку кој украинските борци кои го положиле оружјето може да го напуштат Мариупол

Москва, 19 април 2022 (МИА) - Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека руската армија го прекинала огнот и отворила хуманитарен коридор преку кој украинските борци кои доброволно го положиле оружјето може да ја напуштат фабриката Азовстал во Мариупол.

„За таа цел, во 14 часот беше воведен „режим на целосен молк“, прекинати сите акции на руските вооружени сили и формацијата на самопрогласената Доњецка Народна Република по целиот периметар на Азовстал, а единиците беа повлечени на безбедно растојание“, рече генерал полковник Михаил Мизинцев, началник на Центарот за контрола на националната одбрана. Руската армија соопшти дека ќе ги гарантира животите на сите украински војници кои ќе го положат оружјето и ќе го напуштат Мариупол по хуманитарните коридори и вети дека ќе ги почитува Женевските конвенции за постапување со воените заробеници. паг/  

Остани поврзан