• среда, 18 декември 2024

Отворен саемот „Фестивал на книгата“ на албанските книжевни издавачи

Отворен саемот „Фестивал на книгата“ на албанските книжевни издавачи

Гостивар, 13 септември 2023 (МИА) – Со пригодна културно-уметничка програма и поздравни обраќања, вечерва во Гостивар во летниот амфитеатар беше означен почетокот на манифестацијата „Фестивал на книгата Гостивар 2023“. Годинава, на третото издание кое трае до 16 септември пријавени се издавачи од земјава и странство. Покрај купување на книги и печатени изданија, годинава публиката ќе има можност да се сретне со писатели, публицисти и книжевни автори на нивни промоции и средби со читатели.

-Овој настан го става Гостивар на регионалната мапа на саеми на книга и го издигнува културно, рече Валбон Лимани, претседател на Советот на општина Гостивар на отворањето.

Организаторите, гостиварскиот огранок на Светскиот албански сојуз на писатели и Центарот Мозаик-Радсток, поканија низа гости кои во попладневните термини ќе имаат дебати и дискусии на книжевни теми.

На првата вечер беше и истражувачот, публицистот и преведувач Дејвид Хосафлок, кој зборуваше за делото „Опасадата на Скадар“ од Марин Барлети. На последната вечер најавена е Фљутура Ачка, една од позначајните авторки од новиот бран во албанската книжевност.

Шпенд Бајрами, еден од организаторите посочи дека годинава на изложбено продажните штандови по кејот на десниот брег на Вардар, ќе бидат застапени 16 издавачки куќи од Албанија, Косово и Северна Македонија.

Третиот саем на книги во Гостивар финансиски е поддржан од локалната самоуправа. згм/ир

 

Фото:

Остани поврзан