• недела, 17 ноември 2024

Отворен повик за грантови за земјоделски задруги до 37 000 евра

Отворен повик за грантови за земјоделски задруги до 37 000 евра

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - Македонската асоцијација на земјоделски задруги го отвори повикот за грантови за постоечки и новоформирани земјоделски задруги, од северозападниот, североисточниот, југозападниот и Преспанскиот регион. Задругите регистрирани во овие четири региони можат да аплицираат за грант до максимум 37 000 евра.

Според Асоцијацијата, на располагање се 260 000 евра кои ќе бидат доделени на овој повик.

Повикот за грантови е дел од активностите од ЕУ проектот „Конкурентни земјоделски задруги” што го имплементира Македонската асоцијација на земјоделски задруги заедно со Здружението за бизниси и консултанти Креација.

Вкупниот буџет на проектот е 500 000 евра, од кои 90 отсто се обезбедени од ЕУ преку ИПА програмата, а останатите 10 проценти се директно учество на проектниот конзорциум.

Рокот за аплицирање е до 10.11.2023 година,  а деталите од повикот и целосната документација за аплицирање може да се прочитаат на: https://mazz.mk/novosti/otvoren-povik-za-grantovi-za-zemjodelski-zadrugi-do-37-000-evra/. мч/аа/

фото: МИА архива

Остани поврзан