• понеделник, 29 јули 2024

Отворен повикот за номинации за Наградата за младинско учество

Отворен повикот за номинации за Наградата за младинско учество
Скопје, 27 јуни 2022 (МИА) - Сите заинтересирани млади можат да поднесат номинација за Наградата за младинско учество која и оваа година ја доделуваат Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Како што соопштуваат од НМСМ, наградата се доделува во три категории: индивидуална категорија (млади на возраст 15-29), категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации и има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања. - Наградата за младинско учество препознава иницијативи на млади, неформални групи на млади и младински организации, организации за млади и чадор младински организации кои покажуваат јасна визија за подобрување на заедницата кои се системски и одржливи во решавањето на приоритетните општествени прашања; исклучителна креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на општествени прашања и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата или благосостојбата на општеството преку активностите на номинираниот, стои во соопштението од НМСМ. Рокот за поднесување на номинации е до 7 јули 2022. ар/дма/

Остани поврзан