• четврток, 26 декември 2024

Отворен конкурс за демо рап-песна во организација на КСП „Центар-Јадро“

Отворен конкурс за демо рап-песна во организација на КСП „Центар-Јадро“
Скопје, 25 октомври 2020 (МИА) - Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ организира конкурс за демо рап-песна на кој може да се пријават сите неафирмирани македонски рап-бендови или соло-артисти. - Со овој повик сакаме да го помогнеме развојот на домашната сцена и да им дадеме простор и поттик на талентираните рапери и раперки да ги раскажат своите приказни и искуства, посочуваат од „Центар-Јадро“. Избраните бендови или артисти ќе добие професионална сесија за снимање на оригинална музика, микс и мастер за песна во едно од студијата на Владимир Аговски-Аго, Гоце Саф и Драги (Druggy) и парична награда од 250 евра. - Изберете каква било музика, напишете свој текст и снимете го вашиот рецитал; вашата снимка со времетраење од максимум 90 секунди може да ја пратите на два начини: како mp3/wav формат директно на е-mail, или на вашиот Фејсбук или Инстаграм, со користење на хаштагот #РапДемо2020 и таг на @centarjadro во вашиот пост; ако праќате на e-mail, покрај демо снимката, треба да ни ја испратите и вашата кратка биографија, фотографија и контакт најдоцна до 8 ноември 2020 година на нашата адреса: centar.jadro@gmail.com со назнака „РапДемо2020“; може да направите пост-продукција на вашата демо снимка, но може да ни ја пратите и без никаква обработка, само квалитетот на снимката да е добар; доставете песна што најдобро ве претставува вас и вашата музичка визија, појаснуваат од „Центар Јадро“. Оттаму ги охрабруваат сите неафирмирани македонски бендови и соло артисти кои прават или сакаат да прават авторска музика и кои немаат официјално издание за некоја продуцентска куќа или настап на некој од поголемите фестивали (Таксират, Д Фестивал, итн.) да се пријават на конкурсот. Покрај паричната награда, додаваат, ќе имаат бесплатна можност за соработка со етаблирани продуценти и снимање во професионално студио. Комисијата составена од продуцентите што ќе ги продуцираат песните и еден член на КСП „Центар-Јадро“ од сите пристигнати демо-снимки ќе одбере шест песни. Избраните артисти ќе снимаат целосно нова песна независна од нивната демо снимка. - Важно е да се напомене дека КСП „Центар-Јадро“ ја задржува можноста да ги објави сите пристигнати демо снимки; ќе ги објави сите шест песни кои ќе бидат направени во професионалните студија на своите социјални медиуми; демо снимките треба да бидат необјавени и неиздадени, во спротивно ќе бидат дискфалификувани, се вели во соопштението. Конкурсот е реализиран со поддршка од Амбасадата на Швајцарија. мс/ац/

Остани поврзан